МАРШ И БЛОКАДА СО КАРТОНСКИ ДРВЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПАРКОВИТЕ ВО КАРПОШ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАРШ И БЛОКАДА СО КАРТОНСКИ ДРВЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПАРКОВИТЕ ВО КАРПОШ

    Со големи картонски дрвја жителите на Карпош вечерва на половина час ја блокираа крстосницата кај Сити мол за да искажат револт од, како што велат, бетонизацијата на парковите. Под мотото „Да за пакови, не за згради“ по блокадата тие маршираа од Сити мол до паркот на улица Букурешка кој треба да се уништи за изградба на комерцијална зграда, а движењето го нарекоа „Марш за зелен Карпош“. Жителите порачаа дека јавниот простор е на граѓаните, не на инвеститорите и уште еднаш побараа стопирање на детланите планови кои парковите ги претвораат во бетон.

    „Конкретно бараме стопирање на постапките за носење на ДУП-овите и спречување на реализацијата на донесените ДУП-ови каде постојното зеленило не е вцртано во планот. Бараме и поништување на тендерите за изградба на згради на зелените површини. Формалното запазување на процедурите при носењето на плановите не е демократија. Наше демократско право е да побараме реална демократија во која нашите барања ќе бидат слушнати и земени во предвид при носење на одлуките на локалната власт. Имаме уставно право на здрава животна средина, затоа бараме легитимна заштита на реалното зеленило“, рече Сашо Цветановски од граѓанската инцијатива „Ние сме Карпош 4“.

    Жителите на скопската населба Тафталиџе најавија дека нема да дозволат да се изгради петкатница на местото на паркот на улица Букурешка. Подготвени се со жив ѕид да го бранат зеленилото од секој обид да почне изградбата, а отворија и правна војна со интитуциите. Побараа увид во одобрението за градење на петкатнициата оти се сомневаат дека инвеститор е АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење на Републиката, подготвија петиција за измена на урбанистичкиот план и бришење на зградата и постојано организираат различни активности со кои покажуваат дека нема да дозволат некој да им го одземе паркот.

    Вечерашната блокада, протестот и дружбата во паркот ги организираа граѓанските иницијативи „Ние сме Карпош 4“ и „Зелено Тафталиџе“ кои се залагаат за зачувување на секое парче зеленило во Карпош.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари