МАСОВНО УБИСТВО НА ЈАСТРЕБИ ГЛУВЧАРИ ЗАШТИТЕНИ СО ЗАКОН, ЕКОЛОЗИТЕ БАРААТ ЗАТВОР ЗА ЛОВЦИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАСОВНО УБИСТВО НА ЈАСТРЕБИ ГЛУВЧАРИ ЗАШТИТЕНИ СО ЗАКОН, ЕКОЛОЗИТЕ БАРААТ ЗАТВОР ЗА ЛОВЦИТЕ

     

    Убиство на птици заштитени со закон се случи во Македонија по којзнае кој пат, убиени се јастреби глувчари, а заштитниците на птиците бараат конечно да бидат казнети они кои го кршат законот, но и го нарушуваат природниот синџир на исхрана во природата. Фотографијата на која се гледаат четворица мажи со јастреби во рацете ги вжешти социјалните мрежи, има бројни коментари. Најверојатно, јастребите ги застрелале ловџии.

    “Кои се овие монструми, дали се свесни што направија, ќе ве молам да ни помогнете да ги пронајдеме монструмиве”, објави на својот Фејсбук профил Здружението за заштита на бувовите во Македонија.

    Ана Арсовска од ова Здружение, која заедно со сопругот со години се грижат за бувовите но и за други птици во земјава, не може да верува дека се случил ваков масакр.

    “Што е најтрагично, за жал ова не се случува за првпат. Непромислени луѓе убиваат и трујат птици заштитени со закон. Ним треба да им се одземат ловечката дозвола и оружјето, но треба и да им се суди. Можеби треба некој да одлежи и затвор за да видат другите што ќе ги снајде ако си поигруваат со природата”, вели Арсовска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    На социјалните мрежи sите бараат казна за убијците на јастребите глувчари кои важат за чистачи во природата, зашто секогаш ги спасуваат нивите од вишокот глувци. Се коментира дека еден пар од овие глувчари за да го прехрани своето гнездо со млади, лови и до десет илјади глувци во сезоната, што значи е природен родентицид или чистач, а ние вака им велиме благодарам.

    “Самите си ја правиме штетата, а потоа ќе плачеме од наезда на глувци. Тоа значи дека нема штетник меѓу животните, луѓето се самите најголеми штетници”, вели Арсовска.

    М. И. ПАЧЕМСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира