НЕ СМЕ ПРОТИВ РУДНИЦИ АКО СЕ ПОЧИТУВААТ ЕКОЛОШКИТЕ СТАНДАРДИ, ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    НЕ СМЕ ПРОТИВ РУДНИЦИ АКО СЕ ПОЧИТУВААТ ЕКОЛОШКИТЕ СТАНДАРДИ, ВЕЛАТ ОД ВМРО-ДПМНЕЕден од рудниците е предвидено да се гради над селото Моин на планината Кожуф. (Фото: СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ не е против референдумот во Гевгелија. Ова е ставот на владејачката партија по пишувањата во медиумите дека високи фунцкионери на ВМРО-ДПМНЕ барале од своите партиски активисти во Гевгелија да агитираат за неизлегување на членството во недела. На тој начин референдумот би пропаднал за да може полесно се издаде концесијата за експлоатација на злато од планината Кожуф. Портпаролот Иво Котевски за СДК.МК кажа дека како партија застанувале зад секоја граганската иницијатива доколку истата ги исполнува законските норми.

    „Не е точно дека централата на партијата вршела притисок на локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија да агитираат против референдумот за изградба на рудник. ВМРО-ДПМНЕ не е против референдумот за рудникот во Гевгелија. Напротив, ја подржуваме секоја иницијатива на граѓаните, која е важна за нивното секојдневно живеење. Не сме против инвестирање во рудници и инвестиции кои ги почитуваат највисоките еколошки и други стандарди и не го доведуваат во опасност животот на граѓаните“, изјави Котевски од Центарот за коминикации на ВМРО-ДПМНЕ.

    На терен во Гевгелија изминативе денови, како што тврдат жителите на ова општина, активисти и функционери на ВМРО ДПМНЕ агитирале кај граѓаните да излезат на референдумот и да се изјаснат против издавање дозвола за експлоатација на минералични суровини на територијата на општината. Им објаснувале за штетните последици од отварањето на рудниците кај Коњско и Коњска река, дека тоа ќе значело крај на земјоделството и здравата животна средина.

    „Доаѓаа и од СДСМ, но и од ВМРО-ДПМНЕ и ни кажуваа дека не треба да дозволиме да се отворат рудници над нашите глави, дека ќе била уништена шумата, водите. Доаѓаа и од фирмата која планира да ги гради рудниците. Оставаа флаери пред нашите домови во кои објаснуваат дека ќе се залагаат за здрава животна средина и безбедност но и ќе се грижат за здравјето“, коментираат гевгеличани.
    Градоначалникот на општината Иван Франгов кој е од редовите на владејачката партија на последната седница на Советот јасно истакна дека со референдумот се стопира процесот уште на самиот почеток.

    „Не верувам дека некој нормален дека би дал таква концесија. Кога ние ќе имаме јасен став и мислење по ова прашање, кога некој условно би побарал концесија за експлоатација во старт мислењето на општината ке биде негативно. Ние имаме компаративни предности за многу повеќе вработувања со што се отвараат перспективите на општина Гевгелија. И за 30 години коцесија за некој рудник да плаќа надоместоци, за потоа илјада години Гевгелија да биде иселена и завиена во црно, не ни треба“, рече Франгов пред гевгелиските советници.

    В недела, гевгеличани на 37 избирачки места имаат право да се изјаснат дали се за или против изградба на рудници за злато на планината Кожуф. За да биде успешен референдумот во Гевгелија треба да излезат најмалку 9.700 грагани да гласаат.

    С. ДАРУДОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира