12-ГОДИШНА ЈАПОНКА ОСВОИ ОЛИМПИСКО СРЕБРО ВО СКЕЈТБОРДИНГ

    12-ГОДИШНА ЈАПОНКА ОСВОИ ОЛИМПИСКО СРЕБРО ВО СКЕЈТБОРДИНГКокона Хираки беше втора во дисциплината парк (Фото: АП)

    Дванаесетгодишната јапонска скејтбордерка Кокона Хираки стана една од најмладите освојувачки на олимписки медал во историјата, откако заврши како втора во финалето на дисциплината парк.

    Просечната возраст на победничкиот подиум беше 15 години, откако со златото се закити 19-годишната Јапонка Сакура Јосозуми, а бронзата ѝ припадна на шест години помладата Британка Скај Браун.

    Скејтбордингот дебитира на Олимписките игри во Токио и главната цел за неговото вклучување во олимписката програма беше привлекување на помладата публика. Просечната возраст на осумте финалистки беше 17 години, кои меѓусебе си отпоздравуваа за секој успешно изведен трик и се тешеа при секој пад.

    Најмладиот освојувач на олимписки медал досега е грчкиот гимнастичар Димитриос Лоундрас, кој имал само десет години и 218 дена кога бил трет на првите Олимписки игри во 1896 во Атина.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира