40% УЧЕСНИЧКИ НЕ ГО ЗАВРШИЈА МАРАТОНОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ДОХА ПОРАДИ ТЕШКИ УСЛОВИ

    40% УЧЕСНИЧКИ НЕ ГО ЗАВРШИЈА МАРАТОНОТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ДОХА ПОРАДИ ТЕШКИ УСЛОВИТрката почна на полноќ по локално време и се одржа на температурата од 32,7 степени (Фото: Гети)

    Кенијката Рут Чепнгетич победи на маратонската трка на Светското првенство во атлетика во Доха, што дури 40% од учесничките не успеаја да ја завршат поради тешките услови.

    Трката која почна на полноќ по локално време се одржа на температурата од 32,7 Целзиусови степени и при влажност од 73%. Организаторите одлучија маратонот да се одржи и покрај стравувањата дека условите не се поволни за вака долга трка. На крајот, 28 од 68-те маратонки не успеаја да стигнат на целта.

    Линет Чебет од Уганда беше однесена со амбулантно возило откако ја комплетираше трката, додека Италијанката Сара Досена, која се откажа порано, беше видена во инвалидска количка.

    Тренерот на Етиопија Хаџи Адило Роба гледаше како три негови маратонки се откажуваат.

    „Во наша земја никогаш не би дозволиле да се трча во вакви услови“, кажа тој.

    Чепнгетич стигна до златниот медал со време од 2:32:43 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира