АДЕМИ СЕ ВРАЌА ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, ИАКО НЕМА ОДИГРАНО МЕЧ ДВЕ ГОДИНИ

    АДЕМИ СЕ ВРАЌА ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, ИАКО НЕМА ОДИГРАНО МЕЧ ДВЕ ГОДИНИЈа одлежа двегодишната суспензија поради допинг и од 7 октомври повторно може да игра. - Аријан Адеми (Фото: Гети)

    Селекторот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски го вклучи Аријан Адеми во списокот играчи за последните две средби од квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија, иако тој нема одиграно меч цели две години.

    Адеми ќе биде во комбинација за настап на дуелот со Лихтенштајн, што се игра на 9 октомври, имајќи предвид дека два дена порано му истекува двегодишната суспензија, што УЕФА му ја изрече за користење на забранетиот стероид стенозол. На 6 октомври, Македонија и гостува на Италија.

    Тој падна на допинг-тест во септември 2015 година, по победата на Динамо Загреб над Арсенал во Лигата на шампионите и во прв момент беше суспендиран на четири години. Спортскиот арбитражен суд во Лозана подоцна ја прифати неговата жалба дека ненамерно го зел забранетиот препарат и му ја преполови казната.

    „Мило ми е што Аријан Адеми се враќа во репрезентацијата. Тој добива право на настап на 7 октомври“, изјави селекторот Ангеловски.

    Адеми почна повторно да тренира со играчите на Динамо кон крајот на август, откако претходно му беше забранета каква било инволвираност во професионалниот фудбал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира