АЛИСОН ФЕЛИКС СЕ ВРАТИ НА ПАТЕКИТЕ ПО ПОРОДУВАЊЕТО И УРНА СВЕТСКИ РЕКОРД НА ЈУСЕИН БОЛТ

    АЛИСОН ФЕЛИКС СЕ ВРАТИ НА ПАТЕКИТЕ ПО ПОРОДУВАЊЕТО И УРНА СВЕТСКИ РЕКОРД НА ЈУСЕИН БОЛТФеликс го освои својот рекорден 12. златен медал на светските првенства (Фото: Гети)

    Американската спринтерка Алисон Феликс го собори рекордот на Јусеин Болт откако го освои 12. златен медал на светските атлетски првенства.

    Триесет и тригодишната Феликс беше дел од мешаната американска штафета која славеше на трката на 4х400 метри на Светското првенство во Доха, цели 14 години откако го освои своето прво злато во Хелсинки. Таа веќе важеше за една од најуспешните атлетичарки на сите времиња, со девет олимписки медали, од кои шест златни и вкупно 17 од светските првенства.

    „Почестена сум“, кратко кажа Феликс откако го надмина најбрзиот човек на планетата.

    Ова исто така е нејзината прва сезона откако стана мајка и враќањето на патеките не ѝ беше лесно. Минатиот ноември, на Феликс ѝ беше дијагностицирана прееклампсија, па мораше да ја роди ќерката во 32. недела од бременоста. Феликс сега се подготвува да оди на своите петти Олимписки игри.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари