Двократниот шампион Карлос Алкарас нема да ја брани титулата на Ролан Гарос поради повреда на зглобот. Светскиот рекет број два се повлече од турнирот во Барселона минатата недела откако се повреди во првото коло.
Тој потоа беше подложен на тестирања за да се утврди сериозноста на повредата, по што се повлече од Отвореното првенство на Италија и Ролан Гарос, кои се играат на земја.
„По резултатите од тестовите одлучивме дека е најмудро да бидам претпазлив и да не учествувам во Рим и Париз, додека ја проценуваме ситуацијата за да утврдиме кога можам да се вратам на теренот. Ова е тежок период за мене, но сигурен сум дека ќе излезам од ова посилен“, рече 22-годишниот Шпанец.
Алкарас ја почна годината со триумфот на Отвореното првенство на Австралија и ова отвора голема можност за Јаник Синер да ја освои единствената гренд слем титула што му недостига.



