АМЕРИКАНСКА ПЛИВАЧКА СПАСЕНА ОД ДАВЕЊЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БУДИМПЕШТА

    АМЕРИКАНСКА ПЛИВАЧКА СПАСЕНА ОД ДАВЕЊЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БУДИМПЕШТААнита Алварез беше извадена од дното на базенот од својот тренер (Фото: Гети)

    Американската репрезентативка во уметничко пливање Анита Алварез беше спасена од дното на базенот од својот тренер за време на Светското првенство во водени спортови во Будимпешта. Дваесет и петгодишната Алварез престана да дише и потона во базенот откако го заврши својот настап во финалето.

    Нејзиниот тренер Андреа Фуентес ја извади Алварез на површината, по што беше ставена на носилки. Американскиот тим соопшти дека Алварез сега е добро.

    Алварез се онесвести и по својата изведба на олимписките квалификации во Барселона минатата година, кога исто така ѝ беше дадена помош на самото место.

    Анита е во ред. Лекарите ѝ ги проверија сите витални функции и сè е нормално“, изјави Фуентес.

    Шпанскиот весник „Марка“ објави дека Фуентес скокнала во базенот зашто спасувачите не реагирале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира