АНГЛИСКИОТ ТРЕНЕР ПАРДЈУ ЈА НАПУШТИ ЦСКА СОФИЈА ПОРАДИ РАСИЗМОТ НА НАВИВАЧИТЕ

    АНГЛИСКИОТ ТРЕНЕР ПАРДЈУ ЈА НАПУШТИ ЦСКА СОФИЈА ПОРАДИ РАСИЗМОТ НА НАВИВАЧИТЕПардју дојде во бугарскиот фудбал во ноември 2020 (Фото: Гети)

    Англискиот тренер Алан Пардју го напушти бугарскиот прволигаш ЦСКА Софија поради расистичкото однесување на дел од навивачите на клубот. Шеесетгодишниот Пардју беше технички директор на ЦСКА од ноември 2020, пред да биде назначен за тренер во април годинава.

    Тој кажа дека си заминува поради акциите на мала група организирани расистички фанови на мечот со Ботев на 19 мај.

    За жал, моето време овдека заврши. Настаните пред и по средбата со Ботев беа неприфатливи за мене, мојот помошник Алекс Дајер и за нашите играчи“, изјави Пардју, кој имаше потпишано договор и за следната сезона.

    На мечот со Ботев, кој уследи четири дена по поразот на ЦСКА од Левски во финалето на Купот, четворица црни играчи на софискиот клуб беа расистички навредувани и кон нив беа фрлани банани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира