АВСТРАЛИСКИ ПЛИВАЧ ЌЕ ЗЕМЕ ДОПИНГ ВО ОБИД ДА ГО СОБОРИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД НА 50 МЕТРИ

    АВСТРАЛИСКИ ПЛИВАЧ ЌЕ ЗЕМЕ ДОПИНГ ВО ОБИД ДА ГО СОБОРИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД НА 50 МЕТРИЏејмс Магнусен ќе добие милион долари за својот обид (Фото: Гети)

    Поранешниот пливач Џејмс Магнусен изјави дека ќе земе забранети препарати во обид да плива побрзо од светскиот рекорд на 50 метри слободно. Триесет и двегодишниот Австралиец ќе ја прекине пензијата за да настапи на Подобрени игри (Enhanced Games), каде што допингот ќе биде дозволен.

    Магнусен ќе се обиде да плива најбрзо во историјата на најкратката пливачка делница, што сепак нема да биде признато како светски рекорд. Тој ќе добие еден милион долари за тоа.

    „Иако сум слободен да земам каков било допинг, нема да си го ризикувам здравјето. Сакам да одам во Америка, да го добијам вистинскиот совет и да ги земам вистинските суплементи. Сето тоа ќе го документирам со видеозапис“, изјави Магнусен.

    Машкиот светски рекорд на 50 метри слободно изнесува 20 секунди и 91 стотинка и беше поставен од Бразилецот Сезар Сиело во 2009. Тој тогаш носеше пливачки костим што не беше направен од текстил и беше забранет по еден месец.

    Подобрените игри се основани од австралискиот бизнисмен Арон Д‘Соуза во 2023 и на нив нема да се применуваат правилата на Светската антидопинг агенција. Ќе вклучат пливање, атлетика, кревање товар, гимнастика и боречки спортови, но засега не е познато кога и каде ќе се одржат.

    Магнусен беше светски првак на 100 метри слободно во 2011 и 2013 и освои олимписко сребро во Лондон во 2012. Неговиот најдобар резултат на 50 метри е 21,52 секунди.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира