АВСТРАЛИСКИОТ БОБ ТИМ СЕ ФИНАНСИРА ОД ПРОДАВАЊЕ НА ГАЌИЧКИ ЗА КАПЕЊЕ

    АВСТРАЛИСКИОТ БОБ ТИМ СЕ ФИНАНСИРА ОД ПРОДАВАЊЕ НА ГАЌИЧКИ ЗА КАПЕЊЕНе е лесно да се направи боб тим во земја каде што зимите се поминуваат на плажа (Фото: АП)

    Не е лесно да се прати боб тим на Олимпијада ако доаѓаш од земја каде што зимите во најголем дел се поминуваат на плажа. Австралиецот Хејден Смит, сепак, некако успеа да ги спои овие два света.

    Дваесет и петгодишниот Смит, кој живее во Сиднеј, половина година работи како сметководител, а потоа продава гаќички за капење, за да го финансира боб тимот. Тоа го прави преку својата онлајн компанија „Банана хемокс“, што ја отвори во 2014 година и вели дека овие пари биле клучни да успеат да стигнат до Зимската олимпијада во Пјонгчанг.

    „Тоа беше суштинско за да ме задржи на ова патување. Повеќето од боб-санките што се возат во Пјонгчанг чинат околу 100.000 евра. Ние ги немавме тие пари и моравме речиси целосно да се самофинансираме. И тоа што го обезбедивме е само дел од буџетот на некои тимови овдека“, вели Смит.

    Смит, кој во тимот е на сопирачки, и неговите тројца колеги остварија време од 50,64 секунди во последната, шеста тренинг-серија, што беше повеќе од една секунда побавно од главните фаворити Швајцарија, Германија и Канада. Тие велат дека би бил огромен успех ако се пласираат меѓу најдобрите 20 тима за неделното финале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира