БАЕРН ЌЕ ИМ ОДБИВА ОД ПЛАТАТА НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ИГРАЧИ ДОДЕКА СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА

    БАЕРН ЌЕ ИМ ОДБИВА ОД ПЛАТАТА НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ИГРАЧИ ДОДЕКА СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈАЏошуа Кимих во петокот повторно мораше да оди во карантин, само три дена откако излезе (Фото: ДФЛ)

    Невакцинираните фудбалери на Баерн нема да добиваат плата за периодите кога мора да седат во карантин, објави весникот „Билд“. Повикувајќи се на извори од клубот, „Билд“ објави дека Баерн им кажал на четворицата фудбалери кои неодамна биле во карантин дека ретроактивно нема да бидат платени.

    Баерн размислувал и за други санкции, како невакцинираните играчи самостојно да тренираат, обидувајќи се да ги притисне да се премислат околу вакцината.

    Џошуа Кимих, Серж Гнабри, Џамал Мусијала и Ерик Максим Чупо-Мотинг морале да одат во карантин откако биле во близок контакт со соиграчот Никлас Зиле, кој пред две недели имаше позитивен тест за коронавирус. Поради тоа, Кимих, Гнабри и Мусијала пропуштија две средби на Германија во квалификациите за Светското првенство.

    Кимих, кој јавно призна дека не примил вакцина зашто тоа било личен избор, од петокот е повторно во изолација поради позитивен тест на личност од негово приватно окружување и нема да игра на следниот меч од Лигата на шампионите против Динамо Киев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира