Фудбалскиот клуб Барселона вели дека поддржува одржување референдум за независност на Каталонија од Шпанија. Во денешното соопштение на Барселона се вели дека клубот се приклучува на „Националниот пакт за референдум“, граѓанска иницијатива за поддршка на референдум во богатиот североисточен регион во Шпанија.
И покрај бројните предупредувања од шпанската влада дека референдум за независност би бил нелегален, регионалната влада на Каталонија најави дека ќе одржи обврзувачки референдум во септември.
Регионот со главен град Барселона создава една петтина од шпанскиот БДП.
Сепаратистите го користат стадионот на Барселона „Камп Ноу“ како собиралиште изминативе години и скандирања за независност редовно се слушаат на натпреварите.