БАРСЕЛОНА И ЛАС ПАЛМАС ЌЕ ИГРААТ БЕЗ ПУБЛИКА

    БАРСЕЛОНА И ЛАС ПАЛМАС ЌЕ ИГРААТ БЕЗ ПУБЛИКАОд безбедносни причини, трибините на „Камп ноу“ денеска ќе бидат празни (Фото: Ројтерс)

    Барселона, сепак, ќе излезе на терен за да го игра натпреварот со Лас Палмас, но без присуство на публика.

    Тоа е најновата одлука на раководството на Барселона, кое во прв момент го одложи мечот бидејќи не можеше да ја гарантира безбедноста, поради тензиите кои го следат одржувањето на референдумот за независност.

    „Барселона ги осудува настаните кои се случија во некои делови на Каталонија, кога граѓаните се спречуваа во изразувањето на своите демократски права да гласаат.

    Поради вонредните околности, управата на Барселона донесе одлука натпреварот со Лас Палмас да се игра зад затворени врати, без присуство на публика, откако челниците на лигата го одбија нашето барање за целосно одложување на натпреварот“, стои во соопштението на Барселона.

    Доколку Барселона на своја рака одбиеше да игра, се соочуваше со службен пораз од 0:3.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира