БИТОЛЧАНЕЦОТ ТОМЕ КИРИЈАЗИ УЧЕСТВУВАШЕ НА НАТПРЕВАРИ ПО АСТРОНОМИЈА, А СЕГА ГО ИСТРЧА БЕРЛИНСКИОТ МАРАТОН

    БИТОЛЧАНЕЦОТ ТОМЕ КИРИЈАЗИ УЧЕСТВУВАШЕ НА НАТПРЕВАРИ ПО АСТРОНОМИЈА, А СЕГА ГО ИСТРЧА БЕРЛИНСКИОТ МАРАТОНКиријази трчаше заедно со 55.000 натпреварувачи од 120 држави (Фото: приватна архива)

    Томе Киријази (25) од Битола, член на атлетскиот клуб Олимп, го истрча Берлинскиот маратон, кој се одржа вчера по 50. јубилеен пат. Тој трчаше заедно со 55.000 натпреварувачи од 120 држави.

    „Со својата неуморна енергија, тој ја истрча оваа легендарна патека и се приклучи на елитата која веќе половина век учествува во Берлин. Берлинскиот маратон, познат по својата брза и рамна патека, е место каде што се соборуваат светски рекорди, а за Томе Киријази ова беше повеќе од маратон – тоа беше личен триумф и инспирација за сите нас. Горди сме на неговиот личен успех и на тоа што го носи името на АК Олимп на еден од најпрестижните спортски настани во светот“, велат од Олимп.

    Томе Киријази на македонската јавност ѝ е познат и по тоа што во 2017 ја претставуваше Македонија на светски натпревар по астрономија и астрофизика во Сучава, Романија. Неговото семејство живееше од една плата и собираше шишиња, а тој беше првенец на генерацијата во Средното техничко училиште во Битола. Потоа студираше на Факултет за информатички и компјутерски технологии во Битола.

    Берлинскиот маратон започна во 1974 со 286 учесници, а низ децениите прерасна во еден од најголемите спортски настани во Германија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира