Бившиот селектор на американските гимнастичарки Џон Гедерт беше пронајден мртов неколку часа откако против него беа покренати обвиненија за сексуален напад и трговија со луѓе. Јавната обвинителка на Мичиген Дејна Несел потврди дека Гедерт се самоубил.
Таа вчера соопшти дека против Гедерт се покренати 24 обвиненија.
Гедерт ја предводеше репрезентацијата на САД на Олимписките игри во 2012 и тесно соработуваше со тимскиот лекар Лери Насар, кој злоставувал повеќе од 250 спортистки и девојчиња, за што во 2018 година беше осуден на 300 години затвор. Шеесет и тригодишниот Гедерт беше сопственик на тренинг центар во Мичиген, каде што Насар работел како лекар на гимнастичарки. Гедерт требаше да се предаде вчера попладне, но но се појавил.
„Мојата канцеларија беше известена дека телото на Гедерт било пронајдено во попладневните часови откако си го одзел животот. Ова е трагичен крај на трагична приказна за сите вклучени“, кажа Гедерт.
Тој беше обвинет за повеќе случаи на вербално, физичко и сексуално злоставување, како и за присилно држење на млади спортистки во екстремни услови.