Македонскиот борач Владимир Егоров е поразен во првото коло на Олимписките игри во Париз и експресно го заврши својот настап.
Во осминафиналната борба во категоријата до 57 килограми, Егоров изгуби од Индиецот Аман Аман со убедливи 10:0.
Егоров, европски првак од 2022, е еден од двајцата македонски спортисти кои дојдоа на ОИ во Париз со исполнета норма и важеше за наша најголема надеж за освојување медал.