БРЕСТОВАЦ СМЕНЕТ ОД ФУНКЦИЈАТА СЕЛЕКТОР НА МАШКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    БРЕСТОВАЦ СМЕНЕТ ОД ФУНКЦИЈАТА СЕЛЕКТОР НА МАШКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАБрестовац ја водеше Македонија на две големи натпреварувања, но резултатите изостанаа (Фото: ЕПА)

    Данило Брестовац го плати цехот за дебаклот на Светското првенство во Египет и денеска беше сменет од функцијата селектор на машката ракометна репрезентација. Ракометната федерација на Македонија објави дека спогодбено го раскинала договорот со Брестовац, само два дена по поразот од Белорусија на последниот натпревар во Египет.

    Брестовац го презеде кормилото на репрезентацијата во јуни 2019 и во неговата биографија ќе остане запишан успешниот квалификациски циклус за Европското првенство 2020, каде што Македонија разочара и не успеа да ја помине првата фаза.

    Ракометарите отпатуваа на Мундијалот во Египет во последен момент по откажувањето на Чешка и таму со значително подмладен тим забележаа пет порази, а победата над Чиле им беше доволна за пласман во втората фаза.

    Г. КОНЕВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира