БУФОН СИ ЗАМИНА ПО ГАЌИ ПО ПОБЕДАТА НА ИТАЛИЈА НА „ФИЛИП ВТОРИ“

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМК.МК)

    БУФОН СИ ЗАМИНА ПО ГАЌИ ПО ПОБЕДАТА НА ИТАЛИЈА НА „ФИЛИП ВТОРИ“

    Славниот италијански голман Џиџи Буфон прими два гола во Скопје, но на крајот славеше и ги фрли шорцевите кон навивачите откако со голот на Чиро Имобиле во 92. минута, италијанската фудбалска репрезентација победи со 3:2 против Македонија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Русија.

    Илија Несторовски и Ферхан Хасани за само две минути (57’, 59’) во второто полувреме направија пресврт по голот на Андреа Белоти во првото полувреме. Имобиле потоа постигна два гола и не дозволи изненадување на „Филип Втори“.

    Горан Пандев во прегратка со Илија Несторовски по првиот гол за Македонија. (Фото: сдк.мк)

    Горан Пандев во прегратка со Илија Несторовски по првиот гол за Македонија. (Фото: сдк.мк)

    „Овојпат добро заврши за нас, но не смееме повторно да бидеме вака наивни. Имавме добро второ полувреме против Шпанија, но потребна ни е ваква решителност секогаш, не само кога губиме“, изјави Имобиле за „Раи“ по натпреварот.

    Македонскиот селектор Игор Ангеловски жали за пропуштената шанса, но е убеден дека резултатите ќе дојдат, ако неговите избраници продолжат со ваквите игри.

    По три кола во групата Г, Шпанија и Италија се на првото место со по седум бода, додека Албанија и Израел имаат по 6. Македонија и Лихтенштајн се уште немаат освоено бодови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира