БУФОН В САБОТА ГО ИГРА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ЗА ЈУВЕНТУС, НО МОЖЕБИ НЕ ЈА ЗАВРШУВА КАРИЕРАТА

    БУФОН В САБОТА ГО ИГРА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ЗА ЈУВЕНТУС, НО МОЖЕБИ НЕ ЈА ЗАВРШУВА КАРИЕРАТАНаредната недела ќе ја соопшти својата одлука. - Џиџи Буфон (Фото: Гети)

    Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон објави дека в сабота ќе го одигра последниот натпревар за Јувентус, во којшто ги помина последните 17 години.

    Светскиот првак од 2006 година на средбата со Верона по деветти пат ќе го крене шампионскиот пехар, додавајќи дека се премислил околу пензионирањето, откако добил понуди за работа и на и околу теренот.

    „Следната недела, по два-три дена размислување со мирна глава, ќе ја соопштам мојата одлука“, изјави 40-годишниот Буфон.

    Буфон, кој му се придружи на Јувентус од Парма во 2001 година, откри дека нема да игра за друг италијански клуб, додавајќи дека не мисли да игра во пониски лиги, но постои можност да земе и шестмесечна пауза.

    „Пред 15 дена веќе бев бивш фудбалер. Сега веќе не сум толку сигурен во тоа. Добив понуди за некои нови предизвици на и надвор од терен. За ова второто, најинтересната понуда ја добив од Јувентус“, вели Буфон.

    В сабота, тој ќе го одигра 509. меч за Јуве во Серија А. Негов наследник на голот ќе биде Полјакот Војчех Счесни.

    „Саботниот натпревар ќе ми биде последен во дресот на Јувентус и да се заврши овој пат со нова двојна титула, ќе биде нешто посебно“, кажа Буфон.

    Тој освои 19 трофеи со Јувентус, но не и Лигата на шампионите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари