ЧЕЛСИ ПО ВТОРПАТ ЈА ОСВОИ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

    ЧЕЛСИ ПО ВТОРПАТ ЈА ОСВОИ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИКаи Хаверц беше стрелец на одлучувачкиот гол на крајот од првото полувреме, на асистенција на Мејсон Маунт. (Фото: Твитер/УЕФА)

    Челси ја освои Лигата на шампиони по вторпат откако го победи Манчестер сити со 1:0 во финалето во Порто. Каи Хаверц беше стрелец на одлучувачкиот гол на крајот од првото полувреме, на асистенција на Мејсон Маунт.

    Сити, кој останува без титула во најважното клупско натпреварување, во ниту еден период од мечот не беше доминантен, како што беше на натпреварите во Премиерлигата сезонава.

    Тренерот на Сити Пеп Гвардиола се обиде да ја освои првата титула во ЛШ со англискиот тим со офанзивна постава, но не успеа да воспостави контрола во средниот ред.

    Ријад Марез имаше шанса да израмни во последните моменти од средбата, но Челси ја задржа предноста и го подигна трофејот. Претходно, Челси беше европски шампион во 2012 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира