ДЕБАКЛ НА СВЕТСКИОТ ПРВАК, ГЕРМАНИЈА ИСПАДНА ОД МУНДИЈАЛОТ

    ДЕБАКЛ НА СВЕТСКИОТ ПРВАК, ГЕРМАНИЈА ИСПАДНА ОД МУНДИЈАЛОТГерманија е четврти светски првак на последните пет мундијали кој не успеа да ја помине групата (Фото: Гети)

    Бранителот на титулата Германија го доживеа својот најголем дебакл на мундијалската сцена досега, откако сензационално загуби од Јужна Кореја со 2:0, со што беше елиминирана од Светското првенство во Русија уште по групната фаза.

    Во лудата разврска на Ф-групата, Шведска го совлада Мексико со 3:0, но и двете селекции продолжуваат во осминафиналето, додека Германија на крајот заврши на последното место, со само три освоени бода.

    По Франција во 2002, Италија во 2010 и Шпанија во 2014 година, Германија е четвртиот бранител на титулата на последните пет светски првенства кој испаѓа уште по првата фаза.

    Ова е најраната елиминација на Германија од светските првенства од 1938 година, кога во еден поинаков систем на натпреварување беше поразена од Швајцарија во осминафиналето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира