ДИЕГО НЕ ЗАМИНУВА, ТОЈ Е ВЕЧЕН – АРГЕНТИНА ПРОГЛАСИ ТРИ ДЕНА НАЦИОНАЛНА ЖАЛОСТ ПОРАДИ СМРТТА НА МАРАДОНА

    ДИЕГО НЕ ЗАМИНУВА, ТОЈ Е ВЕЧЕН – АРГЕНТИНА ПРОГЛАСИ ТРИ ДЕНА НАЦИОНАЛНА ЖАЛОСТ ПОРАДИ СМРТТА НА МАРАДОНАМарадона почина на 60 години од срцев удар, оставајќи трага во фудбалската игра како ретко кој (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот на Аргентина Алберто Фернандес прогласи три дена национална жалост поради смртта на Диего Армандо Марадона. Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, кој ја предводеше Аргентина до втората светска титула, почина денеска на 60 години од срцев удар.

    Ти благодарам што постоеше. Ти нѐ однесе до врвот на светот и нѐ направи неизмерно среќни. Ќе ни недостигаш на сите“, изјави Фернандес.

    Голем број фудбалски ѕвезди се простуваат од Марадона, кој остави трага во фудбалската игра како ретко кој.

    Тој е најдобриот ривал против кого сум играл. Мислам дека тоа е доволно за да се дефинира“, изјави германската легенда Лотар Матеус, кој го победи Марадона во финалето на СП 1990 во Италија.

    Кристијано Роналдо го опиша Марадона како неспоредлив маѓионичар.

    Денеска се збогувам со пријател, а светот со вечен гениј. Тој остави наследство без граници“, напиша Роналдо на Твитер.

    Ова е тажен ден за сите Аргентинци и за фудбалот. Тој нѐ напушти, но не заминува, зашто Диего е вечен“, изјави Лео Меси.

    Почит на Марадона му оддаде и Пеле. Двајцата беа прогласени за најдобри фудбалери на 20. век и иако долго време имаа тензичен однос, на крајот, сепак, се смирија.

    Изгубив голем пријател, а светот изгуби легенда. Се надевам дека еден ден заедно ќе играме фудбал на небото“, напиша 80-годишниот Пеле на Твитер.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира