РЕЖИСЕРОТ НА ОТВОРАЊЕТО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ДОБИ ОТКАЗ ПОРАДИ СТАРА ШЕГА ЗА ХОЛОКАУСТОТ

    РЕЖИСЕРОТ НА ОТВОРАЊЕТО НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ДОБИ ОТКАЗ ПОРАДИ СТАРА ШЕГА ЗА ХОЛОКАУСТОТКентаро Кобајаши се обвинува дека ја употребил спорната шега во комично шоу во 1998 (Фото: Алами)

    Режисерот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Токио доби отказ ден пред нивниот официјален почеток откако се појави снимка од 1990-ите на која тој кажува шега за Холокаустот. Шефицата на Организацискиот комитет на ОИ, Сеико Хашимото, изјави дека во видеото се исмеваат болни факти од историјата.

    Кентаро Кобајаши се обвинува дека употребил шега за Холокаустот во комично шоу во 1998 година. Неговото отпуштање е последниот во серијата скандали што ја погодија претстојната Олимпијада. Пред неколку дена, и композиторот на церемонијата на отворањето поднесе оставка откако се појавија обвинувања дека малтретирал ученици со хендикеп.

    Во спорната снимка, поранешниот комичар Кобајаши му вели на друг актер „Ајде да се играме Холокауст“. Кобајаши изрази жалење за своите постапки.

    „Забавата не би требала да им предизвикува непријатност на луѓето. Сфаќам дека мојот глупав избор на зборови бил погрешен и жалам за тоа“, изјави тој.

    Олимписките натпревари во Токио почнаа уште завчера, додека едно последно истражување покажа дека дури 55% Јапонци се противат на нивното одржување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира