ДРАМАТИЧНАТА ПОБЕДА НА ГЕРМАНИЈА ПРОТИВ ШВЕДСКА СЕ СЛЕДЕШЕ И ВО ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ

    ДРАМАТИЧНАТА ПОБЕДА НА ГЕРМАНИЈА ПРОТИВ ШВЕДСКА СЕ СЛЕДЕШЕ И ВО ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕГерманскиот амбасадор Томас Герберих и собранискиот спикер Талат Џафери по натпреварот Германија-Шведска на Светското првенство во Русија. (Фото: СДК.МК)

    Тони Крос ѝ донесе победа на Германија од 2:1 против Шведска на Светското првенство во Русија со голот од слободен удар во 95. минута, а натпреварот во Сочи се следеше организирано и во Германската амбасада во Скопје. Гости на амбасадорот Томас Герберих, меѓу другите, беа претседателот на Собранието Талат Џафери, и амбасадорите на САД, Велика Британија и Шведска, Џес Бејли, Чарлс Гарет и Матс Стафансон.

    Германските фудбалери, кои се актуелни светски шампиони, за малку ќе останеа со бод од мечот со Шведска во групата Ф и ќе беа на прагот на елиминација уште во фазата на групи. – Од следењето на мечот во Германската амбасада во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Гости на амбасадорот Томас Герберих, меѓу другите, беа претседателот на Собранието Талат Џафери, и амбасадорите на САД, Велика Британија и Шведска, Џес Бејли, Чарлс Гарет и Матс Стафансон. – (Фото: СДК.МК)

    Шведска поведе со голот на Ола Тоивонен во 32. минута, а резултатот го израмни Марко Ројс во 52. минута. Германија, благодарение на погодокот на Крос во судиското надополнување, сега е на второто место со три бода, три помалку од првопласираното Мексико, а во последното коло игра со Јужна Кореја, која нема бодови по две кола. Шведска има три бода и игра со Мексико во последното коло.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари