ДВЕ ГОДИНИ ОТКАКО ПРИСТИГНА ВО ГЕРМАНИЈА КАКО БЕГАЛЕЦ, МАНЕ ПОСТИГНА ИСТОРИСКИ ГОЛ ВО БУНДЕСЛИГАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Бремен,(Би-Би-Си)

    ДВЕ ГОДИНИ ОТКАКО ПРИСТИГНА ВО ГЕРМАНИЈА КАКО БЕГАЛЕЦ, МАНЕ ПОСТИГНА ИСТОРИСКИ ГОЛ ВО БУНДЕСЛИГАТА

    Осман Мане побегна од родната Гамбија во 2014 година и пристигна во Германија, каде почна да игра фудбал во центар за бегалци. Таму, неговиот талент беше брзо откриен и доби шанса да игра за петтолигашот Блументалер. Откако постигна 15 гола на 11 меча за нисколигашот, скаутите забележаа дека може да игра и на повисоко ниво, па Вердер реши да го ангажира. Тој првин настапуваше за резервниот тим на тимот од Бремен, но брзо го привлече вниманието на тренерот Александер Нури, кој го повика во првиот тим.

    Мане ја оправда довербата на тренерот и викендов постигна победоносен гол на мечот против Баер Леверкузен (2:1), што беше историски момент како прв погодок во Бундеслигата на фудбалер од Гамбија. По постигнатиот гол, Мане не можеше да поверува колку многу се промениле работите во изминатите неколку години и го опиша како „најубав момент“ во неговиот живот.

    „Не ми се верува. Дали ова е вистина или сонувам? Ова е најубавиот момент во мојот живот. Тешко е да опишам што чувствувам“, кажа Мане во интервју за официјалниот сајт на Бундеслигата.

    Голот на 19-годишниот Мане е уште поважен за Вердер, бидејќи му ја донесе само втората победа на тимот по седум кола во германскиот фудбалски шампионат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира