ЕДНА ГОДИНА ПО ДЕПОРТАЦИЈАТА НА ЃОКОВИЌ, НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН ЌЕ МОЖАТ ДА ИГРААТ И ТЕНИСЕРИ СО КОВИД

    ЕДНА ГОДИНА ПО ДЕПОРТАЦИЈАТА НА ЃОКОВИЌ, НА АВСТРАЛИЈАН ОПЕН ЌЕ МОЖАТ ДА ИГРААТ И ТЕНИСЕРИ СО КОВИДНа Ѓоковиќ лани не му беше дозволен настап зашто не беше вакциниран против ковид-19 (Фото: АП)

    Од учесниците на претстојното Отворено првенство на Австралија нема да се бара ковид тест и ќе можат да играат дури и ако биле заразени, изјави директорот на првиот гренд слем турни Крег Тајли.

    Ваквата здравствена политика, за која Тајли кажа дека е одраз на она што се случува во поширокото општество, е голема промена во однос на строгите протоколи што важеа на минатогодишниот турнир, што кулминираше со депортацијата на Новак Ѓоковиќ. На деветкратниот шампион тогаш не му беше дозволен настап зашто не беше вакциниран против ковид-19.

    Австралија во меѓувреме ја поништи одлуката за укинување на визата на Ѓоковиќ и му дозволи да влезе во земјата и игра турнири. Викендов, тој ја освои 92. титула во кариерата со триумфот во Аделаида.

    „Ние само сакаме да ја следиме моменталната ситуација во општеството. Отидовме и чекор понатаму со препораките за држење настрана ако сте болни“, изјави Тајли.

    Австралискиот играч на крикет Мет Реншо продолжи да игра против Јужна Африка, иако претходно имаше позитивен ковид тест.

    „Јасно им кажавме на играчите дека ако не се чувствуваат добро, да останат дома, но постојат шанси дека некои ќе играат со ковид“, кажа Тајли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира