ЕКСПЛОЗИЈА БЛИЗУ АВТОБУСОТ НА БОРУСИЈА ДОРТМУНД, ЕДЕН ФУДБАЛЕР Е ПОВРЕДЕН

    ЕКСПЛОЗИЈА БЛИЗУ АВТОБУСОТ НА БОРУСИЈА ДОРТМУНД, ЕДЕН ФУДБАЛЕР Е ПОВРЕДЕНШпанскиот играч Марк Бартра е повреден и пренесен во болница. - аматерска фотографија од клупскиот автобус на Борусија Дортмунд по експлозијата (Фото: Твитер)

    Германскиот фудбалски клуб Борусија Дортмунд соопшти дека еден од играчите е повреден по експлозија близу клупскиот автобус на патот до стадионот „Вестфален“, каде вечерва треба да се сретнат со Монако во Лигата на шампиони. Клубот преку Твитер побара од присутните на стадионот да останат мирни додека се истражува инцидентот, додавајќи дека надлежните се излезени на терен.

    Германската полиција потврди дека имало експлозија пред натпреварот во Дортмунд и дека има еден повреден. Германскиот весник „Билд“ објави дека повредениот е шпанскиот играч Марк Бартра, кој е пренесен во болница, но повредите не се сериозни.

    Натпреварот е одложен за утре во 18.45 часот.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира