И ФАТИМЕ НА ФУДБАЛ ВО СТРУМИЦА

    И ФАТИМЕ НА ФУДБАЛ ВО СТРУМИЦАСпецијалната обвинителка Фатиме Фетаи беше во Струмица за квалификацискиот меч Македонија-Албанија. (Фото: СДК.МК)

    На трибините на стадионот „Младост“ во Струмица вечерва беше и специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која го проследи фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Албанија во квалификациите за Светското првенство во Русија.

    На теренот, гостите од Албанија поведоа во 52. минута, од својот прв удар во рамките на голот на Македонија, кога Роши со глава ја протна топката во мрежата на Димитриевски. Македонија од пораз ја спаси резервистот Александар Трајковски, кој беше прецизен од белата точка во 78. минута.

    Специјалното јавно обвинителство немаше активности периодов, додека чека на продолжување на судењата за насилствата во Центар и за палењето докази во МВР. СЈО, исто така, чека на оценка на обвинителните акти,  што ги поднесе за 18 предмети на крајот на јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира