ФЕДЕРЕР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД РОЛАН ГАРОС ЗА ДА СИ ГО ЗАШТИТИ ТЕЛОТО

    ФЕДЕРЕР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД РОЛАН ГАРОС ЗА ДА СИ ГО ЗАШТИТИ ТЕЛОТОФедерер и претходно не криеше дека негов приоритет е Вимблдон (Фото: Гети)

    Роже Федерер објави дека се повлекува од Ролан Гарос, иако се пласираше во четвртото коло. Федерер, кој наскоро ќе наполни 40 години, изјави дека го прави тоа за да си го заштити телото.

    „По разговорите со мојот тим, решив денеска да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото и една година рехабилитација, важно е да си го слушам телото и да не се форсирам предвреме“, изјави Федерер.

    Тој донесе ваква одлука по победата на исцрпувачкиот меч со Доминик Кепфер, кој заврши ноќеска дури после полноќ.

    Пред да дојде во Париз, Федерер имаше одиграно само три меча во последните 16 месеци. Тој и претходно не криеше дека негов приоритет е Вимблдон, кој почнува на 28 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира