Роже Федерер ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија и стана првиот машки тенисер кој успеал да освои 20 гренд слем трофеи.
Триесет и шестгодишниот Швајцарец во финалето беше подобар од Хрватот Марин Чилиќ со 6:2, 6:7, 6:3, 3:6, 6:1. Тоа се и единствените сетови што Федерер го изгуби во текот на целиот турнир. За утеха, Чилиќ, кој останува на еден гренд слем трофеј, од утре ќе биде трет на АТП-листата, што му е најдобар пласман во кариерата.
Во женска конкуренција, повеќе од 20 гренд слем титули имаат освоено Серена Вилијамс, Штефи Граф и Маргарет Корт.
Федерер по шести пат го освои Австралија опен, израмнувајќи се со Новак Ѓоковиќ и со Рој Емерсон. Тој има и осум триумфи на Вимблдон, пет на Отвореното првенство на САД и еден на Ролан Гарос.