ФФМ ПОДАРИ ТРИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА НА КЛИНИКАТА „НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО СКОПЈЕ

    ФФМ ПОДАРИ ТРИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА НА КЛИНИКАТА „НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО СКОПЈЕВозилата „ситроен џампер“ денеска ги предадоа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и потпретседателот Лазар Ракиџиев (Фото: ФФМ)

    Фудбалската федерација на Македонија набави и подари три амбулантни возила на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Возилата од марка „ситроен џампер“ денеска ги предадоа претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и потпретседателот Лазар Ракиџиев.

    „Ова е време кое нè потсетува дека здравјето на луѓето е најважно. Нашата социјална одговорност досега многу пати била потврдена, тоа е еден од важните постулати во работењето на ФФМ. Наша должност е да помогнеме, со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба“, изјави Сејдини.

    Исто така, ФФМ нема да ги поврати даночните повластувања кои произлегуваат од Законот за спонзорства и донации, туку ќе ги отстапи на фондот за борба против КОВИД-19.

    „Овие возила ќе ни бидат од големо значење во нашата секојдневна работа. Имаме возила кои се стари над дваесет години и ова освежување на возниот парк навистина ни значи многу“, кажа директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари