ФИФА ГИ ПРЕДУПРЕДИ ТВ-КУЌИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ПОКАЖУВААТ ЗГОДНИ НАВИВАЧКИ

    ФИФА ГИ ПРЕДУПРЕДИ ТВ-КУЌИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ПОКАЖУВААТ ЗГОДНИ НАВИВАЧКИФИФА во иднина ќе посвети поголемо внимание на борбата против сексизмот (Фото: Ројтерс)

    Меѓународните медиумски куќи добија предупредување да престанат да се фокусираат на згодни и атрактивни девојки на трибините за време на натпреварите од Светското првенство, што е обид на ФИФА да се бори против сексизмот.

    „Го направивме тоа со поединечните радиодифузни сервиси, како и со нашите партнери. ФИФА сè уште не почна активно да ја спроведува оваа политика, но таа се стреми да се бори против сето она што е погрешно“, изјави Федерико Адиеки, шефот на одделот за различности во ФИФА.

    Според антидискриминациската организација Фаре, сексизмот е еден од најголемите проблеми на Мундијалот во Русија. Таа правеше мониторинг на првенството и забележала повеќе од 30 такви случаи.

    „Тоа е една од активностите што дефинитивно ќе ги преземеме во иднина, тоа е нормална еволуција“, додаде Адиеки.

    Агенцијата „Гети“, исто така, беше критикувана што секој ден правеше избор на најатрактивни навивачки на првенството, по што ја тргна галеријата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари