ФИФА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА ШПАНИЈА ЗА БАКНУВАЊЕ  РЕПРЕЗЕНТАТИВКА 

    ФИФА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА ШПАНИЈА ЗА БАКНУВАЊЕ  РЕПРЕЗЕНТАТИВКА Ннцидентот се случи на церемонијата на доделување медали минатата недела, откако Шпанија го освои турнирот.(Фото: АП)

    ФИФА привремено го суспендираше Луис Рубиалес, претседателот на шпанската фудбалска федерација, од „сите активности поврзани со фудбалот“ поради неговиот бакнеж со репрезентативката Џени Хермосо.

    „Оваа суспензија, според која му е забрането да игра фудбал и на домашен и на меѓународен план, привремено ќе трае 90 дена, до покренување на дисциплинска постапка“, соопшти ФИФА.

    Рубиалес одбива да поднесе оставка поради инцидентот, кој се случи на церемонијата на доделување медали минатата недела, откако Шпанија го освои турнирот.

    Хермосо рече дека бакнежот бил несакан и таа и целата победничка екипа на Светското првенство нема да играат за репрезентацијата додека  Рубиалес е претседател.

    Рубиалес рече дека федерацијата стои зад него и се закани со правна постапка против Хермосо и другите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира