ФИРЕНЦА И ИТАЛИЈА СЕ ЗБОГУВАА СО ДАВИДЕ АСТОРИ

    ФИРЕНЦА И ИТАЛИЈА СЕ ЗБОГУВАА СО ДАВИДЕ АСТОРИФановите на Фиорентина запалија виолетови факели кога ковчегот беше изнесен од катедралата Санта Кроче во Фиренца (Фото: АП)

    Фановите на Фиорентина го претворија небото над Фиренца во виолетово, оддавајќи му почит на клупскиот капитен Давиде Астори, чија ненадејна смрт во неделата го потресе фудбалскиот свет.

    Илјадници фанови, клупските колеги и најголемите имиња на италијанскиот фудбал се собраа денеска пред катедралата Санта Кроче во Фиренца за погребот на 31-годишниот Астори, кој почина во сон од затајување на срцето, како што покажа обдукцијата.

    (Фото: АП)

    Обединети во тага и респект, фановите на Фиорентина запалија виолетови факели и кренаа клупски реквизити, кога ковчегот беше изнесен од катедралата.

    Меѓу присутните беа и Франческо Тоти, Џанлуиџи Буфон, Џорџо Кјелини, Филипо Инѕаги, Хавиер Занети, Масимилијано Алегри, Лучано Спалети, Марко ван Бастен и голем број други видни имиња од италијанскиот фудбал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира