ФОТОГРАФИЈАТА НА ПРВИОТ ГОЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ОТКРИЕНА ПО 25 ГОДИНИ

    ФОТОГРАФИЈАТА НА ПРВИОТ ГОЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ОТКРИЕНА ПО 25 ГОДИНИФоторепортерот на САКАМДАКАЖАМ. МК Ѓорѓи Личовски, пред 25 години како фоторепортер на „Нова Македонија“ го фотографираше првиот гол на Македонија што го постигна Зоран Бошковски-Чоко на мечот со Словенија во Крањ (Фото: Ѓ. Личовски)

    На 13 октoмври 1993, репрезентацијата на Македонија го одгра првиот официјален фудбалки меч, со Словенија во Крањ, а Зоран Бошковски-Чоко го постигна историскиот прв гол. Македонија победи со 4-1, а илјадници навивачи ги пречекаа репрезентативците на враќањето во Скопје.

    Бидејќи во тоа време се работеше со филм, Личовски вели дека дури по враќањето во Скопје, откако го развил филмот разбрал дека го сликал историскиот прв гол, така што, тие фотографии тогаш не се објавени (Фото: Ѓ. Личовски)

    Репрезентацијата во која играа Панчев, Најдоски, Јаневски, Канатларовски, Марковски, Бошковски на чело со селекторот Андон Дончевски, за овој прв натревар се подготвувала скоро еден месец. Повеќето репрезентативци беа од шампионската генерација на Вардар од 1986/87.

    Дел фудбалери од таа прва репрезентација, вечерва пред натпреварот против Лихтенштајн на теренот во Скопје го одбележаа 25-годишниот јубилеј од првиот меч и победа.

    Наградуваниот фоторепортер на САКАМДАКАЖАМ. МК Ѓорѓи Личовски, пред 25 години како фоторепортер на „Нова Македонија“ го фотографираше првиот гол на Македонија што го постигна Зоран Бошковски-Чоко. Бидејќи во тоа време се работеше со филм, Личовски вели дека дури по враќањето во Скопје, откако го развил филмот разбрал дека го сликал историскиот прв гол, така што, тие фотографиии тогаш не се објавени.

    Личовски е еден од најреномираните фоторепортери во земјава, а работи и за агенцијата ЕПА.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира