ФРАНЦУСКИОТ НАРОД МОРА ДА СПРЕЧИ ПОБЕДА НА ЛЕ ПЕН, ВЕЛИ ЗИДАН

    ФРАНЦУСКИОТ НАРОД МОРА ДА СПРЕЧИ ПОБЕДА НА ЛЕ ПЕН, ВЕЛИ ЗИДАНТренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан кажа дека е далеку од екстремните идеи на Марин Ле Пен, кандидатката за претседател на Франција. (Фото: Марка)

    Поранешниот француски фудбалер Зинедин Зидан вели дека народот треба да направи сѐ што може за да спречи победа на Марин Ле Пен на претседателските избори во Франција.
    Во врска со политиките на партијата на Ле Пен, Национален фронт, тренерот на Реал Мадрид рече дека е „далеку од таквите идеи”.

    „Мора да направиме сѐ за да го одбегнеме ова”, кажа тој на прес-конференцијата пред натпреварот против Валенсија.
    Поранешниот освојувач на Светското и на Европското првенство, кој е многу популарен во Франција, и претходно се има изјаснето против Националниот фронт.

    Зидан вели дека пораката овојпат е „иста како онаа од 2002 година”, алудирајќи на изборите кога таткото на Ле Пен, Жан-Мари ле Пен, стигна до вториот круг од претседателската трка, за потоа Французите да се обединат зад Жак Ширак.
    Марин Ле Пен му одговори на Зидан дека е нормално тој да гласа за нејзиниот противкандидат Емануел Макрон, бидејќи, според неа, тој е заштитник на интересите на богатите.

    Вториот круг од претседателските избори во Франција, во кој ќе се соочат Ле Пен и Макрон, ќе се одржи на 7 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира