ФУДБАЛЕРИТЕ ОТПАТУВАА ЗА РОМАНИЈА НА ПЕТ ДЕНА ДО ДЕБИТО НА ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВА

    ФУДБАЛЕРИТЕ ОТПАТУВАА ЗА РОМАНИЈА НА ПЕТ ДЕНА ДО ДЕБИТО НА ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВАПремиерот Заев ги испрати репрезентативците од Скопскиот аеродром (Фото: Фејсбук)

    Со чартер-лет на „Кроација ерлајнс“, македонската фудбалска репрезентација утрово отпатува за Романија, на три дена до почетокот на Европското првенство, што ќе се игра во 11 држави. Фудбалерите и стручниот штаб од Скопскиот аеродром ги испрати премиерот Зоран Заев.

    Репрезентацијата отпатува со чартер-лет на „Кроација ерлајнс“ (Фото: Фејсбук)

    Првите два меча Македонија ќе ги игра во Букурешт, а историското деби ќе се случи в недела од 18 часот. Првиот противник ни е Австрија и селекторот Игор Ангеловски ќе може да смета на сите свои избраници, откако на последното тестирање немало позитивни на коронавирус во репрезентацијата.

    На 17 јуни Македонија игра против Украина, а потоа се сели во Амстердам, каде што на 21 јуни го има последниот дуел од Ц-групата со Холандија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира