ФУДБАЛСКИТЕ ЕКИПИ БРЕГАЛНИЦА И ПИТУ ГУЛИ СЕ СРЕТНАА ПРВПАТ ПО 60 ГОДИНИ

    ФУДБАЛСКИТЕ ЕКИПИ БРЕГАЛНИЦА И ПИТУ ГУЛИ СЕ СРЕТНАА ПРВПАТ ПО 60 ГОДИНИБрегалница славеше со 5:0 на првиот меч со крушевчани од 1959 година (Фото: СДК.МК)

    Фудбалските второлигаши Брегалница од Штип и Питу Гули од Крушево го одиграа првиот натпревар после 60 години. Победи Брегалница со 5:0.

    Последниот натпревар бил одигран во сезоната 1958/59, а првиот од вкупно три меѓусебни дуели се случил во 1950, кога Брегалница по административен пат влегла во Републичката лига.

    Првиот натпревар го добил Питу Гули со 2:1, а во реваншот, по водството на крушевчани од три гола, во второто полувреме Брегалница постигнала шест голови и победила со 6:3

    Таа сезона Брегалница го освоила 9. место и останала во лигата, а Питу Гули испаднал, за потоа веќе никогаш да не се сретнат. Крушевскиот тим оваа сезона е на прагот да ја доживее истата судбина, затоа што е на последното место со само три бода. Брегалница со оваа победа се зацврсти на втората позиција, зад Беласица и атакува на враќање во Првата лига.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира