ГЕРМАНИЈА ГО ДОБИ ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО 2024

    ГЕРМАНИЈА ГО ДОБИ ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО 2024Турција беше единствениот противкандидат. - Бившите репрезентативци на Германија Филип Лам и Целија Шашиќ со пехарот на ЕП (Фото: Гети)

    Германија ќе биде домаќин на Европското фудбалско првенство во 2024 година, откако на гласањето во седиштето на УЕФА ја победи Турција.

    Овие две земји беа и единствените кандидати за кои се гласаше во Нион, Швајцарија.

    Германија за последен пат беше домаќин на ЕП во 1988 година и ова ќе биде првпат да го организира како обединета земја. Таа претходно не успеа да ги добие првенствата во 2008, 2012 и 2016.

    Мечеви и од наредното Европско првенство во 2020 година ќе се играат во Германија, но тоа ќе има посебен формат и ќе се одржува низ целиот континент.

    „Процедурата беше транспарентна, гласањето беше демократско. И затоа можам само да кажам дека едвај чекам да го видам ова фантастично Европско првенство“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

    ЕП 2024 ќе трае 32 дена во јуни и јули и на него ќе настапат 24 селекции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира