ГЕРМАНИЈА СО 4:0 ЖЕСТОКО Ѝ СЕ РЕВАНШИРАШЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОРАЗОТ ВО ДУИЗБУРГ ПРЕД ПОЛА ГОДИНА

    ГЕРМАНИЈА СО 4:0 ЖЕСТОКО Ѝ СЕ РЕВАНШИРАШЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОРАЗОТ ВО ДУИЗБУРГ ПРЕД ПОЛА ГОДИНАМакедонија го доживеа првиот пораз под водство на селекторот Милевски. - Елиф Елмас (Фото: Фејсбук)

    Германија жестоко ѝ се реваншираше на македонската репрезентација за понижувачкиот пораз во Дуизбург пред шест месеци во квалификациите за Светското првенство во Катар и во целосно доминантна партија ја совлада во Скопје со 4:0. Тоа е прв пораз за Македонија под водство на Благоја Милевски, додека Германија го задржа совршениот скор од пет победи откако за селектор дојде Ханси Флик и сега има 21 бод на врвот во групата Ј, дури осум повеќе од Романија. Македонија е трета со 12 бода.

    Македонија го преживеа првото полувреме, иако постојано беше во подредена позиција и изложена на нападите на Германија. Најголеми заслуги за тоа имаше голманот Димитриевски со неколку добри интервенции.

    Сликата на теренот не се промени ниту по одморот, со тоа што македонската одбрана рано капитулираше, откако Хаверц со погодок ја заврши брзата контра во 50. минута. Тоа беше вовед во резултатски потоп, за кој Вернер придонесе со два, а младиот Мусијала со еден гол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира