ГОДИНАШНИОТ ВИМБЛДОН СВЕДЕН НА ЕГЗИБИЦИСКИ ТУРНИР, ЃОКОВИЌ ЌЕ ИЗГУБИ 2.000 ПОЕНИ

    ГОДИНАШНИОТ ВИМБЛДОН СВЕДЕН НА ЕГЗИБИЦИСКИ ТУРНИР, ЃОКОВИЌ ЌЕ ИЗГУБИ 2.000 ПОЕНИТурнирот е казнет зашто им забрани настап на руските и белоруските играчи (Фото: Гети)

    АТП и ВТА решија да го казнат Вимблдон поради неговата одлука да им забрани настап на руските и на белоруските тенисери и тенисерки, па годинава нема да се доделуваат рејтинг поени.

    Тоа значи дека најпрестижниот настан во тенискиот свет практички ќе биде сведен на егзибициски турнир, а играчите нема да освојат поени како на останатите официјални турнири. Оние кои имаа добар настап минатата година сега нема да можат да ги бранат тие поени, што би можело да предизвика значајни нарушувања во поредокот. Ова најмногу ќе го почувствува Новак Ѓоковиќ, кој ќе остане без 2.000 поени, поради што би можел да го изгуби првото место на АТП листата.

    Двете тениски асоцијации кажаа дека Вимблдон го поткопал интегритетот на нивните рејтинг системи со самоволната суспензија на Русија и Белорусија како казна за руската инвазија на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира