ЃОКОВИЌ ДИСКВАЛИФИКУВАН ОД ЈУ-ЕС ОПЕН ОТКАКО СО ТОПЧЕ УДРИ СУДИЈКА

    ЃОКОВИЌ ДИСКВАЛИФИКУВАН ОД ЈУ-ЕС ОПЕН ОТКАКО СО ТОПЧЕ УДРИ СУДИЈКАИако Ѓоковиќ немаше намера да ја погоди судијката и веднаш отиде да ја провери, според правилата тој мораше да биде дисквалификуван. (Фото: Скај Спортс)

    Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од Ју-Ес Опен откако несакајќи удри линиска судијка со топче. Ѓоковиќ, кој е прв носител на гренд слемот во Њујорк, вечерва играше во четвртото коло против Пабло Буста и откако загуби гем во првиот сет фрли топче зад себе. Топчето погоди една од линиски судии, која падна на колена и се држеше за вратот.

    По инцидентот имаше неколкуминутна дискусија на официјалните лица на теренот и потоа беше соопштено дека Ѓоковиќ е дисквалификуван. Ѓоковиќ беше најголем фаворит да ја освои титулата на Ју-Ес Опен, а сезонава досега нема загубено меч.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира