ЃОКОВИЌ ГИ ПРОПУШТА ТУРНИРИТЕ ВО ИНДИЈАН ВЕЛС И МАЈАМИ ЗАШТО НЕ ДОБИ ДОЗВОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО САД

    ЃОКОВИЌ ГИ ПРОПУШТА ТУРНИРИТЕ ВО ИНДИЈАН ВЕЛС И МАЈАМИ ЗАШТО НЕ ДОБИ ДОЗВОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО САДСАД моментално не им дозволуваат на невакцинираните странци да влегуваат во земјата (Фото: АП)

    Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ и официјално се повлече од Мастерс турнирот во Индијан Велс, откако не му беше дозволено да влезе во САД бидејќи не е вакциниран против ковид-19.

    Републиканскиот сенатор од Флорида, Рик Скот, потврди на Твитер дека министерството за внатрешна безбедност го одбило барањето на Ѓоковиќ да му се дозволи влез во земјата, иако не е вакциниран. Ова значи дека Ѓоковиќ нема да може да игра и на следниот турнир во Мајами.

    САД моментално не им дозволуваат на невакцинираните странци да влегуваат во земјата, што се очекува да биде укинато на 11 мај, кога ќе завршат сите вонредни укази поврзани со ковид-19.

    Ѓоковиќ нема играно на овие два мастерс турнира од 2019 година. Во петокот, сенаторите Рик Скот и Марко Рубио испратија писмо до претседателот Бајден, во кое побараа на Ѓоковиќ да му се дозволи да игра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира