ЃОКОВИЌ ГО ИЗРАМНИ РЕКОРДОТ НА ФЕДЕРЕР ОД 310 НЕДЕЛИ НА ВРВОТ НА АТП-ЛИСТАТА

    ЃОКОВИЌ ГО ИЗРАМНИ РЕКОРДОТ НА ФЕДЕРЕР ОД 310 НЕДЕЛИ НА ВРВОТ НА АТП-ЛИСТАТАЃоковиќ минатиот месец по деветти пат го освои Австралија опен (Фото: Ројтерс)

    Новак Ѓоковиќ стигна до бројката од 310 недели на врвот на АТП-листата, со што го израмни рекордот на Роже Федерер, а следниот понеделник и ќе го надмине. Ова беше загарантирано откако го освои Отвореното првенство на Австралија по деветти пат минатиот месец.

    Тој го почна петтиот престој на првата позиција на 3 февруари, а најдолгата низа во кариерата му траеше 122 недели, од јули 2014 до ноември 2016.

    Апсолутна рекордерка е Штефи Граф, која беше светски рекет број еден 377 недели, а пред Ѓоковиќ се и Мартина Навратилова со 322 и Серена Вилијамс со 319 недели.

    „Сега откако го достигнав овој рекорд, ќе можам целосно да се фокусирам на гренд слем турнирите“, изјави Ѓоковиќ.

    Тој досега има освоено 18 гренд слем титули, две помалку од рекордерите Федерер и Рафаел Надал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира