Новак Ѓоковиќ потврди дека Андре Агаси ќе му биде нов тренер откако српскиот тенисер загуби во финалето на Мастерсот во Рим од Александер Зверев.
12-кратниот гренд слем победник претходно месецов се раздели од стариот тренерски тимм, а поранешниот светски рекет број еден Агаси ќе го придружува Ѓоковиќ во Париз за Ролан Гарос, којшто почнува на 28 мај.
Веста за новиот тренер на Ѓоковиќ дојде веднаш по неговиот пораз од Германецот Зверев, кој го совлада Ѓоковиќ со 6:4, 6:3 во Рим. 20-годишниот Зверев е најмлад победник на Мастерс во последните 10 години.