ЃОКОВИЌ НЕ ДОБИ ДОЗВОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО АВСТРАЛИЈА И ЌЕ БИДЕ ВРАТЕН ДОМА

    ЃОКОВИЌ НЕ ДОБИ ДОЗВОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО АВСТРАЛИЈА И ЌЕ БИДЕ ВРАТЕН ДОМАЃоковиќ со часови беше држан на аеродромот откако слета во Мелбурн (Фото: Инстаграм)

    Новак Ѓоковиќ не доби дозвола за влез во Австралија откако му беше одбиена визата и ќе си замине од земјата утре, објавија австралиските медиуми. Министерот за здравство Грег Хант потврди дека Ѓоковиќ ќе биде вратен назад откако не успеал да го поткрепи своето медицинско изземање од вакцинирањето против ковид-19, со кое му беше дозволен настап на Отвореното првенство на Австралија.

    Тој слета во Мелбурн денеска пред полноќ по локално време по 14-часовен лет од Дубаи и потоа со часови беше држан на аеродромот поради проблеми со визата, при што му беше одземен мобилниот телефон. Проблемот настанал зашто неговиот тим не побарал виза која дозволува медицинско изземање од вакцинирањето против ковид-19.

    Австралиските медиуми објавија дека адвокатите на Ѓоковиќ ќе се обидат да ја обжалат одлуката.

    Драмата околу Ѓоковиќ следува само ден откако организаторите на Отвореното првенство на Австралија му дозволија да учествува иако не е вакциниран против ковид-19, што доведе до бурни реакции во австралиската јавност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира