ЃОКОВИЌ ОДЛУЧИ ДА ИГРА НА ЈУ-ЕС ОПЕН, ЛАНСКИТЕ ПОБЕДНИЦИ НЕМА ДА ЈА БРАНАТ ТИТУЛАТА

    ЃОКОВИЌ ОДЛУЧИ ДА ИГРА НА ЈУ-ЕС ОПЕН, ЛАНСКИТЕ ПОБЕДНИЦИ НЕМА ДА ЈА БРАНАТ ТИТУЛАТАЃоковиќ ќе биде единствениот претставник на „големата тројка“ во Њујорк бидејќи Федерер и Надал го откажаа настапот (Фото: АП)

    Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе патува во Њујорк за да игра на Отвореното првенство на САД, но затоа настапот го откажа бранителката на трофејот Бјанка Андрееску.

    Ѓоковиќ, кој во јуни имаше позитивен тест на коронавирус, досега изјавуваше дека не е сигурен дали ќе игра на Ју-Ес опен, критикувајќи ги протоколите што ги најави Тениската асоцијација на САД. Турнирот почнува на 22 август и мечевите ќе се играат пред празни трибини.

    „Не беше лесно да се донесе ваква одлука, имајќи ги предвид сите пречки и предизвици, но на крајот пресуди големата желба повторно да се натпреварувам“, изјави Ѓоковиќ.

    Тој ќе биде единствениот претставник на „големата тројка“ во Њујорк, бидејќи Роже Федерер е повреден, а ланскиот победник Рафаел Надал го откажа настапот, исто како уште 25 други тенисери и тенисерки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира