ЃОКОВИЌ ТИВКО ПРИСТИГНА ВО АВСТРАЛИЈА РЕЧИСИ ЕДНА ГОДИНА ОТКАКО БЕШЕ ДЕПОРТИРАН

    ЃОКОВИЌ ТИВКО ПРИСТИГНА ВО АВСТРАЛИЈА РЕЧИСИ ЕДНА ГОДИНА ОТКАКО БЕШЕ ДЕПОРТИРАНЃоковиќ од недела ќе игра на турнирот во Аделаида (Фото: Гети)

    Новак Ѓоковиќ тивко пристигна во Австралија речиси една година откако беше депортиран од земјата зашто не беше вакциниран против ковид-19 и му беше укината визата. Австралиските власти во меѓувреме ги отфрлија овие строги мерки, па 35-годишниот Ѓоковиќ следниот месец ќе има можност да ја освои десеттата титула на гренд слем турнирот во Мелбурн.

    Во ноември, австралиската влада му одобри виза на Ѓоковиќ, велејќи дека ја отповикала претходната одлука за укинување на визата откако ги разгледала сите релевантни фактори.

    Портпаролот на Тениската федерација на Австралија потврди дека Ѓоковиќ вчера слетал во Аделаида, каде што од недела ќе игра на турнир како подготовка за Отвореното првенство на Австралија.

    Ѓоковиќ доаѓа во Австралија и се надевам дека убаво ќе биде пречекан. Имам голема доверба во австралиската публика. Ние сме добро едуцирана спортска публика, го сакаме тенисот, сакаме да гледаме врвни играчи и убеден сум дека фановите добро ќе реагираат“, изјави директорот на Отвореното првенство на Австралија, Крег Тајли.

    Ѓоковиќ го освои АТП финалето минатиот месец и ќе биде еден од најголемите фаворити во Мелбурн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира